- Жиру: Напаѓачите не треба да се егоисти
Напаѓачот на Арсенал Оливие Жиру призна, дека чувствува исто толку големо задоволство од асистирање, колку од постигнување на голови.
"Кога си напаѓач, квалитет е да не си егоист. Кога имаш соиграч на добра позиција, треба да му асистираше. Напаѓачите се суди по головите, но ние треба да и гледаме и асистенции и нивната работа на терен. Тоа се обидувам да го правам и да им помагам на соиграчите".
"Беше прекрасно да асистирам за голот на Џак Вилшер против Норич, бидејќи беше прикажан по целиот свет. Горд сум за него. Кога играш со фудбалери како Џак, Месут , Санти, Томас и сите наши офанзивни соиграчи е лесно. Имаме добра соработка по теренот и кога ќе играат така со еден допир е многу пријатно. Токму такви се и моите ставови за фудбалот".
"Во оваа сезона разликата во моето претставување доаѓа од поголемата самодоверба, и тоа што можев да имам целосна предсезонска подготовка. Додека минатата сезона дојдов подоцна", изјави Жиру.

No comments:
Post a Comment