Thursday, 31 October 2013

СВОНСИ СО ДОБИВКА ВО 2013 ГОДИНА.

-  Свонси останува профитабилен клуб

Свонси Сити се отчита за последната финансиска година, според податоците кон крајот на месец Мај 2013 година чистата добивка на клубот е 15,3 милиони фунти. За отчитаниот период, во текот на кој избраниците на Михаел Лаудруп го освоија Лига Купот и го зазедоа деветтото место на табелата во Премиер лигата, велшкиот клуб успеа да заработи 67.1 милиони фунти, што е за 1,9 милиони повеќе отколку една година порано.
15.3 милиони фунти, тоа е чистата добивка на Свонси , при тоа "лебедите" планираат многу мудро да ги потрошат парите: 6 милиони фунти ќе бидат потрошени за новата база на академијата, а 5 милиони ќе бидат вложени во почетната фаза од изградбата на новиот тренинг комплекс за првиот тим.

No comments:

Post a Comment