- Јол: ѓаволот си играат со нас
Менаџерот на Фулам, Мартин Јол е сигурен дека лондончани нема да гo изгубат место во елитата, ако остане на чело на тимот.
"Ѓаволот очигледно одлучил да си игра со нас. Кога примаш голови во 90-та минутанавистина е ужасно".
"Блиску сме, но не е лесно да се победуваат натпревари во оваа лига. Разбирам дека приврзаниците се малку нервозни, а истото важи и за луѓето кои инвестираат во тимот и очекува тој да биде барем во првата половина на табелата. На крајот на краиштата јас сум сигурен, дека можам да го сочувам местото на тимот во елитата, но тоа не зависи од мене".
Јол воопшто не е среќен и од свирежите кон него и играчите.
"Тоа е проблем. Никогаш не сум сметал дека такво нешто помага. Според мене тоа му штети на тимот. Освен тоа мислам, дека навивачите треба да земат во предвид и тоа дека сме 20-ти во Премиер лигата по потрошени пари во текот на летото", изјави Јол.

No comments:
Post a Comment