- Росицки се враќа во Арсенал за натпреварот со Наполи
Арсен Венгер доби добри вести пред натпреварот на домашен терен против Наполи од Лигата на Шампионите во Вторникот.
Томас Росицки се враќа во составот, а освен тоа по последниот натпревар нема ниту еден нов повреден фудбалер. Тоа е од големо значење за Арсенал, кој од почетокот на сезоната беше погоден од серија повреди на важни играчи.
"Составот е ист како во текот на викендот, Росицки ќе се врати во тимот утре. Тој ќе биде на располагање, опоравен од повредата".
"Се радувам што ќе располагам со него, бидејќи тој може да игра на сите офанзивни позиции. Тој ја инспирира многу нашата игра. Не сум одлучил дали ќе биде стартер или ќе почне од клупата, но многу се радувам повторно да е меѓу нас", изјави Венгер на денешната пресконференција пред натпреварот со Наполи.

No comments:
Post a Comment