- Фелаини: Манчестер Јунајтед е најголемиот клуб во светот
Новото засилување на Манчестер Јунајтед Маруан Фелаини изрази огромно задоволство од трансферот на "Олд Трафорд".
"Многу, многу сум среќен. Ова е голем момент за мене. Чекав многу долго работев напорно за тоа и сум многу среќен да што преминав во овој голем, голем клуб. Се надевам да направам сè за овој клуб. Се разбира, дека секогаш сум сакал да дојдам овде. Манчестер Јунајтед е најголемиот клуб во светот. Пробав сè да за дојдам во овој клуб. Беше тешко, беше многу долг ден. Чекав до крајот. Ја знам ситуацијата, но овој ден беше навистина многу долг ".
"Ова е голем стадион, голем клуб. Се надевам дека ќе можам да постигнам многу погодоци за Манчестер Јунајтед. Кога бев дете, за мене беше сон да играм за Манчестер Јунајтед. Сега сум тука и ќе се обидам да го дадам најдоброто за клубот. Сакам да освојам трофеи. Ова е најважното нешто ", озјави Фелаини во краткото интервју.

No comments:
Post a Comment