CHAMPIONSHIP

CHAMPIONSHIP

Tuesday, 3 September 2013

ОФИЦИЈАЛНО: ФЕЛАИНИ Е ИГРАЧ НА ЈУНАЈТЕД.

-  Манчестер Јунајтед го постигна своето со Фелаини

Шампионот на Англија, Манчестер Јунајтед сепак оствари трансферна сериозно име за функцијата внатрешен полудефанзивец, откако го купи белгискиот репрезентативец Маруан Фелаини од Евертон. Менаџерот на "црвените ѓаволи" Дејвид Мојс направи сé за да донесе барем еден нов фудбалер на "Олд Трафорд" и неговите напори беа наградени, откако клубот го победи часовникот, за да го реализира навреме договорот за Фелаини. Самиот фудбалер порано во последниот ден од трансфер пазарот поднесе барање за трансфер, за да притисне шефовите на Евертон да го пуштат во 20-кратниот шампион. Позната е  цената која Манчестер Јунајтед ќе плати за Маруан Фелаини. Во касата на Евертон ќе влезат 32 милиони евра или 27.5 милиони фунти.
"Работев пет години со Маруан во Евертон и сум среќен што тој дојде во Јунајтед. Тој е одличен играч и ќе го засили чувствително нашиот тим", изјави менаџерот на "црвените ѓаволи" Дејвид Мојс.

No comments:

Post a Comment