- Озил: Арсенал ќе се бори за титулата оваа година
Месут, добредојде во Арсенал.Какво е чувството да дојдеш во клубот?
Чувството е многу добар. Со нетрпение го очекувам предизвикот, животот во Лондон и средбата со соиграчите, менаџерот и навивачите, како и со Премиер Лига. Многу сум возбуден. За мене тоа беше пергектно решение и чекам со нетрпение .
Што те натера да го избереш токму Арсенал? Колку важен беше Арсен Венгер за твоето решение?
Го одбрав Арсенал, бидејќи тоа е еден од најдобрите клубови во Англија. Менаџерот е од светска класа, тој го покажува тоа со години. Во минатото многу играчи се развиваа под негово водство и затоа решив да дојдам во Арсенал . Сакам да се подобрам уште повеќе и со нетрпение го очекувам стилот на игра. Арсенал е познат со техничка игра и напаѓачки фудбал. Мислам дека ќе се вклопуваат совршено во тоа. Затоа го одбрав овој клуб .
Колку беше важно за твојата одлуката амбицијата на клубот и плановите кои се прават?
Тоа беше многу важно. Најважно беше што менаџерот ми даде доверба. Сакам да го покажам потенцијалот и да се забавувам на теренот. Мислам дека можам да му помогнам на тимот со својот настап.
Можеше ли да зборуваш со Пер Мертезакер и Лукас Подолски за клубот, пред да ја донесеш одлуката ?
За жал не. Сè стана многу брзо. Зборував долго по телефон со менаџерот и тој ми ја претстави својата визија и што мисли за мене. Тоа ме убеди и затоа сум во Арсенал.
А стилот на игра ? До кој степен тоа те привлече ?
Како што реко, Арсенал е технички, еден од најсилните тимови на светот. Менаџерот секогаш сака да игра атрактивен и напаѓачки фудбал. Јас се вклопува во тоа, бидејќи сакам да играм брзо - овој фудбал со еден допир. Среќен сум што сум дел од клубот и се надевам да му помогнам на тимот .
Мислиш ли дека овој тим може да освои трофеи во оваа сезона ?
Дефинитивно. Во изминатите неколку години Арсенал не беше многу успешен, но сакаме да станеме поуспешни. Сакаме да освојуваме трофеи. Мислам дека, и фановите го очекуваат тоа. Ние сме многу силен и многу млад тим, кој може да се подобри многу под раководство на менаџерот . Мислам дека ќе освоиме трофеи, бидејќи имаме потенцијал .
Ти создаде повеќе шанси за гол од чиста игра, од кој и да е во Европа во последните пет години. Од лична гледна точка, ги отценуваш ли асистенции колку головите ?
Да, се разбира . Асистенции водат до успех, а јас сум таков тип на играч кој сака да изработува голови. Мислам дека многу од соиграчи ме знаат како играч кој не е себичен. Многу се радувам кога ќе асистирам или сам ќе постигнувам голови. Но најважно е тимот да ги постигнува своите цели и да игра позитивен фудбал .
Премиер Лига има различен стил на игра од Ла Лига. Како мислиш да ќе се адаптираш и како тоа ќе донесе нови квалитети во твојата играта?
Среќен сум да играм во Премиер Лига , бидејќи секој знае дека тоа е најсилното првенство во светот. Едноставно има многу топ тимови. Сакам да се докажам овде. Ова е нов предизвик за мене, нова задача. Го очекувам со нетрпение. Сакам да се подобрам уште под водство на новиот менаџер и новиот тим. Многу сум возбуден поради ова.
Враќајќи се кон твоите почетоци, играјќи фудбал како дете - секогаш си велел дека фудбалот на мали голови имал големо влијание врз твојата техника. Може ли да ни објасниш зошто?
Бидејќи теренот е многу мал. Поголемиот дел од времето играв против момчи кои се 5-6 години поголеми од мене. Во тоа време не бев многу висок. Требаше да се докажувам против постарите и посилните ривали. Бидејќи теренот беше многу мал, немавме корнери. Натпреварот продолжуваше постојано. Тоа многу ми помогна да ја подобрам својата техника. Ова дефинитивно го направи мојот живот во иднина полесно. Мислам дека на теренот се гледа дека технички сум надарен .
Кога беше дете и играше за задоволство, кој познат фудбалер замислуваше дека си, и зошто ?
Неодамна реков, дека мојот идол беше Зинедин Зидан, бидејќи за мене тој беше совршен играч. Тој беше добар во воздухот, беше силен во одбраната и во нападот. Тој беше мојот идол. Немаше речиси никакви негативни вести за него, вклучувајќи го и неговиот приватен живот. За мене тој беше пример. Затоа, одговорот е Зинедин Зидан .
Ти го привлече вниманието на англиската јавност за прв пат во 2009 година за време на Европското првенство за младинци, кога ја инспирира Германија да ја победи со 4:0 Англија. Тогаш Тио Волкот и Киерн Гибс исто така играа. Што паметиш за натпреварот ?
Покрај сите положби беше одличен натпревар. Го освоивме Европското првенство за младинци. Тимот беше чиста класа. Имавме многу добри играчи под водство на Хорст Хубеш и Дитер Ајлтс. Беше многу убав момент. Мислам дека доминиравме во натпреварот.Навистина покажавме потенцијал и заслуживме да победиме со таква разлика. Беше одлично искуство лично за мене.
На личен план, колку мислиш дека ќе ти се допадне да дојдеш во град како Лондон ?
Мислам, дека многу. Чув многу позитивни работи за Лондон. Тоа е "светски" град, каде се случуваат многу работи. Можете да направите многу нешта, вклучувајќи и дискретно. Чекам со нетрпение да пристигнам во градот. Но ќе работам овде и тоа е најважното.
Имаш ли некоја порака до навивачите на Арсенал ?
Многу сум среќен да играм за Арсенал. За мене тоа е чест. Се надевам дека ќе имаме успешна сезона .
No comments:
Post a Comment