- Миралас го заклучи Лукаку, за да дојде во Евертон
Сонародник на Ромелу Лукаку - Кевин Миралас, го убедил напаѓачот на Челси да премине на позајмица за една сезона во неговиот тим Евертон. Двајцата фудбалери биле заедно на подготовка со националниот тим на Белгија, кога во последен момент во Понеделникот се разбра дека голгетерот ќе замине од Челси.
"Се изненадив, кога слушнав дека Евертон се обидува да го земе. Тогаш решив да дејствувам. Бев со него во хотелска соба во Понеделникот вечерта и ја заклучив вратата. Му реков, дека ќе го пуштам само кога ќе дознаам, дека тој доаѓа кај нас", призна Миралас.

No comments:
Post a Comment