CHAMPIONSHIP

CHAMPIONSHIP

Thursday, 5 September 2013

ЏЕРАРД: САКАМ ДА СТАНАМ МЕНАЏЕР НА ЛИВЕРПУЛ

-  Џерард: Сонувам да станам менаџер на Ливерпул

Фудбалерот на Ливерпул, Стивен Џерард призна дека по крајот на кариерата на фудбалер сака да ги тестира силите на тренерската позиција.
"Да бидам менаџер на Ливерпул е мојот сон. Се разбира, кога местото ќе се ослободи. Со возраста почнуваш сериозно да се замислуваш на животот по завршувањето на кариерата. Планирам да започнам со добивање на тренерската едукација во наредните 12 месеци. Дефинитивно сакам да бидам менаџер, а не асистент, но сè може да се промени. Се сеќавам како Џејми Карагер исто така, сакаше да станува тренер, а потоа одлучи дека новинарството е она што му треба. Секако дека е чудно, да го видам на телевизорот, но многу се радувам за него. Тоа значи дека местото менаџер на Ливерпул нема да е за него, а за мене ", изјави Џерард.

No comments:

Post a Comment