- Крај на сагата: Нани потпиша нов договор
Шампионот на Англија, Манчестер Јунајтед објави дека крилото Луис Нани потпишал нов петгодишен договор. Со тоа се става крај на шпекулациите дека португалскиот репрезентативец ќе премине во Јувентус или Зенит Санкт Петербург. Од почетокот на сезоната, Нани не е меѓу стартерите кај Дејвид Мојс, но очигледно проценил дека Манчестер е најдобро место за него.
26-годишниот фудбалер пристигна на "Олд Трафорд" во далечната 2007 година од португалскиот Спортинг Лисабон.
"Навистина сум задоволен. Тој има големи можности и искуство", коментира Мојс.

No comments:
Post a Comment