CHAMPIONSHIP

CHAMPIONSHIP

Tuesday, 6 August 2013

БЕЈЛ СНИМИ РЕКЛАМА ЗА LUCOZADE.

- Бејл лице на рекламна кампања за 4 милиони фунти

Ѕвездата на Тотнем Гарет Бејл стана лице на рекламната кампања на спортскиот пијалок Lucozade. Слоганот на акцијата на водечката компанија во фармацевтскиот бизнис "Глаксо Смит Клајн" е "Јас верувам", а навивачите учат од клиповите дека производите на брендот хидратираат и даваат повеќе енергија отколку водата. Освен Бејл во рекламата учествува и крилото на Арсенал Алекс Окслејд-Чембрлен. Кампања на "Глаксо Смит Клајн" е во вредност од 4 милиони фунти и започна со емитување минатата недела на телевизија, на интернет и во печатените медиуми на островот.


No comments:

Post a Comment