CHAMPIONSHIP

CHAMPIONSHIP

Tuesday, 6 August 2013

ФУЛАМ РЕМИЗИРАШЕ СО БЕТИС.

-  Фулам и Бетис завршија со резултат 1:1

Екипите на Фулам и Бетис завршија при резултат 1:1 во контролен натпревар, играна на "Крејвен Котиџ". Домаќините поведоа во 13-тата минута преку Стив Сидуел, а во 53-тата Носа Игиебор го  израмни резултатот за конечни 1:1 .
Уште во 13-тата минута екипата на Фулам обезбеди предност во резултатот. По центрирање на Брајан Руиз од корнер, Сидуел удари топката со глава и даде предност на "котиџерс".
По погодокот Бетис беше подобриот тим на теренот, но не успеа да ја материјализира својата надмоќност.
Во 53-тата минута логично се случи и шпанците израмнија. Носа Игиебор буквално го "разнесе" Стекеленбург одблизу и го изедначи резултат 1:1. Шест минути подоцна Родајега ја турна топката во голот на Бетис, но погодокот беше поништен поради офсајд.

Во 84-тата минута Бербатов даде добар пас кон Демијан Даф, но голманот на Бетис Андерсен интервенира одлично. Две минути подоцна Карагунис исто така го тестира шпанскиот голман, но Андерсен повторно одбрани.
Состав на Фулам: Стекеленбург, Ритер (Хјуз 84), Хангеланд (к), Аморебиета, Ричардсон, Деџага (Даф 64) Сидуел, Боатенг (Карагунис 70), Руиз (Касам 80) Родајега (Меска 72), Димитар Бербатов.


No comments:

Post a Comment