CHAMPIONSHIP

CHAMPIONSHIP

Friday, 30 August 2013

ЛИВЕРПУЛ ГО САКА ШЕЈ ГИВЕН ОД ВИЛА.

-  Ливерпул го зема Шеј Гивен


Менаџерот на Ливерпул, Брендон Роџерс сака да донесе ирскиот ветеран Шеј Гивен од Астон Вила, соопштуваат денеска медиумите на Островот. 37-годишниот репрезентативец на Ирска е тврда резерва на "Вила Парк" и шефовите на тимот, бараат начин да се ослободат од него, бидејќи неговата платата е премногу голема за втор голман - 65 000 фунти неделно. Токму затоа бирмингемци се подготвени да се разделат со голманот за симболична сума, иако договорот на Гивен е за уште три години. Во исто време Роџерс сака да донесее искусен конкурент на новото засилување Симон Мињоле, откако во моментов располага само со Брад Џонс во составот. Токму затоа тој е подготвен да му предложи краткорочен договор на Гивен и да го донесе на "Енфилд".

No comments:

Post a Comment