CHAMPIONSHIP

CHAMPIONSHIP

Friday, 30 August 2013

СИТИ ГО ЗЕМА ДЕ МИКЕЛИС, А НА АТЛЕТИКО МУ ГО ОБЕЗБЕДУВА АЛДЕРВЕЈРЕЛД.

-  Троен договор меѓу Ајакс, Сити и Атлетико води нов дефанзивец на "Калдерон"


Сложена трансферна операција со учество на Ајакс и Манчестер Сити е на пат да обезбеди на Атлетико Мадрид силно засилување. Носителот на Купот на Кралот има потреба од нов дефанзивец, откако се разбра дека привлечениот ова лето Мартин Демикелис ќе премине во Манчестер Сити без да одигра дури и еден официјален натпревар за "јорганџиите". аргентинецот ќе донесе 5 милиони евра во касата на Атлетико, но овие пари не се доволни за клубот да може да купи негов заменик. Тоа е белгискиот репрезентативец Тоби Алдервејрелд. Според весникот "АS" дефанзивецот на Ајакс ќе биде купен од Манчестер Сити, но потоа веднаш ќе биде пратен на "Висенте Калдерон". Останува единствено двата клуба да се разбере каков процент од правата на 24-годишниот фудбалер ќе остане во сопственост на "граѓаните". Тие сакаат по потреба можат да си го вратат белгиецот, додека од Атлетико инсистираат тој да стане нивна сопственост. Холандски новинари открија дека Алдервејрелд веќе е во Мадрид и уште денес зделката ќе биде финализирана.

No comments:

Post a Comment