CHAMPIONSHIP

CHAMPIONSHIP

Friday, 30 August 2013

АРСЕНАЛ СЕ ОТКАЖА ОД КАБАЈ.

-  Арсенал загуби интерес за Кабај

Арсенал загуби интерес за халфот на Њукасл, Јохан Кабај, соопштува британскиот печат. Како што е познато, до овој момент 27-годишниот французин се сметаше дека ќе биде најголемиот трансфер на Арсен Венгер во текот на летото, но "страчки" продолжија да инсистираат, за тоа дека нема да се разделат со играчот за помалку од 20 милиони фунти.
Кабај лично изрази желба да премине на "Емирејтс" и дури одби да игра во натпреварот на Њукасл против Вест Хем. Двата клуба сепак  не успеаја да постигнат компромис - "страчки" продолжија да бараат 20 милиони фунти за Кабај, а Арсенал да одбива да даде повеќе од 10 милиони фунти.
Со привлекувањето на Матио Фламини, сепак Венгер го решил проблемот и според извори, французинот се откажал од идејата да го земе својот сонародник. Освен тоа, Арсенал конечно ги прекине преговорите со Валенсија за голманот Висенте Гуаита, за кого "​​лилјаците" сакаат 4 милиони фунти.

No comments:

Post a Comment