- Од Челси се подготвени да се разделат со Торес
Челси е подготвен да го продаде напаѓачот Фернандо Торес. Според "Дејли Мирор" Торес се покажа непотребен на "сините" по привлекувањето на Самуел Ето од Анжи за 7 милиони фунти.
Торес беше донесе на "Стемфорд Бриџ" од Ливерпул за рекордни во Англија 50 милиони фунти пред две години. Засега тој се покажува како непотребен. Интерес кон него има од страна на шпански клубови.
За време на неговиот престој во Челси, Фернандо Торес ја освои Лигата на Шампионите, ФА Купот и Лига Европа. За време на трите натпревари во првенство на "сините" под водство на Жозе Мурињо 29 годишниот напаѓач беше заменет против Хал Сити, остана резерва против Астон Вила и беше избркан од клупата на натпреварот со Манчестер Јунајтед.

No comments:
Post a Comment