CHAMPIONSHIP

CHAMPIONSHIP

Sunday, 4 August 2013

ЛУГАНО ОФИЦИЈАЛНО ВО ВБА.

-  Диего Лугано премина во Вест Бромич

Вест Бромич Албион официјално го донесе во своите редови уругвајскиот дефанзивец Диего Лугано, кој пристигна во тимот од францускиот шампион ПСЖ.32-годишниот дефанзивец потпиша за 2 години со ВБА.
Минатата сезона тој играше на позајмица во шпанскиот клуб Малага, откако откако стана непотребен на "Парк Де Пренс".
Лугано ја започна својата кариера во Насионал Монтевидео, но во 2003 година направи трансфер во Сао Паоло. По три години во клубот тој преминува во редовите на Фенербахче, каде се натпреваруваше од 2006 до 2011 година. Следеше трансфер во ПСЖ, но Лугано се покажа вишок во тимот и беше пратен во Малага за една  сезона.
"Многу сум среќен што ќе имам можност да играм за УБА во следните две години". 
"Сепак ќе направам нешто што досега не сум го правел во мојата кариера. Ќе играм во Премиер лигата", додаде Лугано.
Од ПСЖ пак му заблагодарија преку својот официјален сајт на Лугано за професионализмот кој уругваецот го покажал, додека бил дел од клубот.

No comments:

Post a Comment