CHAMPIONSHIP

CHAMPIONSHIP

Sunday, 4 August 2013

АНАЛИЗА НА НАТПРЕВАРИТЕ ВО ЧЕМПИОНШИП ДИВИЗИЈАТА.

-  Победи за Виган, КПР и Рединг

Херојот од финалето на ФА купот, Бен Вотсон постигна погодок, додека Виган ја започна со победа сезоната во која ќе се стреми кон враќање во Премиер лигата. Латикс  го надиграа со 4:0 Барнзли како гости на "Оукуел" во првиот круг од сезоната во Чемпионшип дивизијата.
Вотсон, кој ја донесе победата на Виган над Манчестер Сити во финалето на ФА Купот во мај, погоди за Виган во првиот дел, а по паузата тимот се запиша уште три пати во листата на стрелците, за да стартува со победа кариерат на новиот менаџер Овен Койл во редовите на Виган.
Летниот трансфер Грант Холт постигна погодок 10 минути по почетокот на вториот дел, за да зголеми на 2-0 за Виган. Во 66-тата минута Барнзли остана со човек помалку по истерувањето на Дејл Џенингс, а во последните 10 минути Лиан Барнет и Шон Малони се запиша, за да ги докрајчат "песовите".
Другите два тима кои испаднаа од елитата, КПР и Рединг, исто започнаа со победи.
Квинс Парк Ренџерс, сметан како фаворит за првото место во Чемпионшип дивизијата, заостануваше во резултатот против Шефилд Уензди откако Атде Нухиу постигна гол за "Бувовите" во 19-тата минута. Играчите на Хари Реднап сепак го свртеа резултатот со головите на Недам Онуоха (40) и Ендрју Џонсон (43). Сепак КПР се покажа во добро светло и доминираше во текот на второт полувреме, при што Хојлет, Форлин, Џонсон пропуштија многу добри прилики за гол. КПР заслужено ги освои бодовите на Лофтус Роуд.
Рединг исто така мораше да направи пресврт, за да го надигра Ипсвич на "Мадејски". Адам ле Фондер (45) и Дани Гатри (75) се запиша, за да го неутрализираат голаот на поранешниот играч на Рединг Џеј Таб во 16-тата минута.
Новиот член во Чемпионшип дивизијата Јоувил, кој за прв пат во својата историја игра на ова ниво, постигна историска победа со 1:0 како гостин над Милвол благодарение на гол на Ед Апсон во самиот финиш на играта, односно во 88 минута.
Борнемут, кој исто така дојде од Лига 1, ја започна сезоната со успех, надигрувајќи  го Чарлтон со 2:1. На домашен терен со погодоците на Грабен во 26 и 67 минута,  а за гостите голот го постигна Керморгент во 50 минута. Исто така гостите го завршија натпреварот со фудбалер помалку, исклучен беше Притчар во 84 минута.
Шампионот на Лига 1 Донкастер не можеше да се впише во победните серии на другите новаци во вториот ешалон во Англија, губејќи со 1:3 како домаќин на Блекпул. Головите ги постигнаа: Џонс (60) за Донкастер и Дејвис (17), МекКензи (88) и Том Инс (90). 
Ватфорд, кој минатата сезона го загуби финалето во плеј-офот во Чемпионшип дивизијата, ја започна новата сезона со победа 1:0 против Бирмингем, извојувана со гол на Трој Дин (11).
Хенри Лансбери пак се запиша во 52-тата минута, за да донесе успех на Нотингем над Хадерсфилд со 1:0.
Новото засилување на Лидс Лук Марфи (90) веднаш ги оправда вложените во средства во него, погоди  во самиот крајот на натпреварот, за да обезбеди успех над Брајтон со 2:1. 
Галебите поведоа после погодокот на Хозе Ујоа (13), но Рос Мекормак(19) израмни за Лидс, пред 23-годишниот Марфи да го постигне во 94-тата минута.
Лестер исто така имаше потреба од пресврт, за да го надигра со 2:1 како гостин Мидлзборо во возбудлив натпревар на "Риверсајд".
Лукас Јуткиевич (35) даде предност на Боро, но Лестер возврати со погодоците на Дани Дринкуотер(60) и Џејми Варди(68).

No comments:

Post a Comment