- Мурињо: Во контролите не се заработуваат поени, но убаво што победивме
Менаџерот на Челси, Жозе Мурињо беше спокоен со емоциите по победата над неговиот поранешен тим Интер со 2-0 во САД. Специјалниот изјави дека резултатите од контролите натпревари не се толку важни, но беше важно за лондончани да победат и силен ривал, по безпроблемните декласирања на противниците на азиската турнеја.
"Овие четири победи во контролите средби не ни носат 12 поени. Имаме нула поени и натпреварот кој треба да го победиме е оној против Хал Сити од првиот круг на првенството", коментира Мурињо по победата над Интер.
"Но, дури и во пријателските натпревари е подобро да победиш, отколку да се изгубиш. Ако треба да бидеме искрени, екипите против кои игравме во Азија, не беа од највисоко ниво. Сега конечно игравме против добар тим и за мене беше важно да ја видам реакцијата. Првото полувреме беше многу добро и за двата тима, дури тие почнаа малку подобро ", рече Жозе.

No comments:
Post a Comment