CHAMPIONSHIP

CHAMPIONSHIP

Saturday, 3 August 2013

ПИАЗОН НА ПОЗАЈМИЦА ВО ВИТЕСЕ, ОМЕРУО СЕ ВРАТИ ВО ЧЕЛСИ.

-  Челси го даде на позајмица Пиазон на Витес

Челси ќе го прати на позајмица бразилскиот фудбалер Лукас Пиазон во Витес, соопштуваат англиските медиуми.
Пиазон ќе се приклучи на своите соиграчи од Челси Патрик ван Анхолт и Гаел Какута во тимот на Витес.
Во последните шест месеци Пиазон беше позајмен од Челси на Малага и запиша 11 натпревари во Примера дивизион.
Преминувањето на Пиазон од Челси во Витес ќе биде продолжение на добрите односи меѓу двата клуба.
Нигерискиот репрезентативец Кенет Омеруо се врати во Челси, откако му помина едногодишниот период во холандскиот АДО Ден Хааг во кој играше на позајмица од Челси.
Омеруо ја пропушта турнејата на Челси во САД, очекувањата се дека тој повторно да биде позајмен.

No comments:

Post a Comment