CHAMPIONSHIP

CHAMPIONSHIP

Sunday, 4 August 2013

ВЕНГЕР, ЗБОРУВА ЗА ИДНИТЕ ТРАНСФЕРИ, И ЗА ЕДИНСТВЕНИОТ НОВ ИГРАЧ САНОГО.

-Венгер: Ќе бидеме активни на трансфер пазарот


Тренерот на Арсенал, Арсен Венгер е убеден дека неговиот тим е способен да се натпреварува со гигантите во Премиер лигата без да се засили со нови фудбалери.
"Никогаш порано не сум зборувал дека сме упатиле понуда до Ливерпул за трансферот на Суарез, но сега можам да потврдам дека ние упативме едeн предлог. Не можам да откријам други детали. Ако кај нас се појави нова информација, јас ќе ви ја соопштам. Ние сакаме да почитуваме одредени правила при вршење на трансферите и да ги почитуваме другите клубови ", рече тренерот на Арсенал.
"Пред нас има уште еден месец и ние активно ќе работиме на трансфер прозорецот, за да го засилиме составот. Но јас не сакам да зборувам за конкретни имиња, бидејќи не верувам дека ова ќе го поедностави процесот на преговорите", заврши Венгер.
Единственото ново засилување на "Емирати" е 20-годишниот Саного, кој пристигна од втората француска дивизија како слободен агент.
Венгер сепак е убеден дека младиот французин може да се претстави добро и со својата игра да стане еден од фудбалерите, за кого другите клубови можат да платат импозантна сума.
"Потпишавме со Саного, но тој не се најде на насловните страници. Зошто? Затоа што не чини 50-100 милиони фунти. Но јас сум целосно убеден дека тој ќе биде таму благодарение на играта и за мене тоа е најважно", изјави Венгер. 

No comments:

Post a Comment