- Руни со голема желба да го напушти Јунајтед
Напаѓачот Вејн Руни играше за Манчестер Јунајтед во натпреварот зад затворени врати против Бетис, но ситуацијата околу иднината на фудбалерот продолжува да биде напната. Овој успех на никаков начин не ги менува намерите на Руни, според информациите, 27-годишниот англичанец продолжува да сака да го напушти "Олд Трафорд" и во наредните денови се очекува да поднесе официјално барање за трансфер.
"Сега стана познато дека Вејн донел одлука да го напушти Јунајтед. Дејвид Мојс кон тоа нема никаков однос. Тој едноставно чувствува дека има потреба од ново искушение. Во клубот се сомневаат дека следната недела Руни ќе поднесе молба за трансфер", соопштува извор од "Олд Трафорд".
Во исто време Челси продолжува да ја "држи раката врз пулсот на ситуацијата" и се подготвува да испрати понуда од 40 милиони фунти. Првиот предлог на "сините" за Руни, кој беше во износ од 30 милиони фунти, "црвените ѓаволи" го одбија и изјавија дека Вејн не се продава.
No comments:
Post a Comment