- Марк Хјуз ќе смета на Пенант
Менаџерот на Стоук, Марк Хјуз очекува Џермејн Пенант да ја искористи втората шанса кој доби во Стоук Сити.
Фудбалерот пристиг на "Британија" пред 3 години, прво беше позајмен од Сарагоса, но минатиот сезона влезе само на 2 натпревари во составот.
Следеше престој на позајмица во Вулверхемптон, а откако се врати во јануари, Тони Пјулис го заборави. Тој беше ослободен од клубот во текот на летото, но новиот шеф одлучи да му даде нова шанса и му предложи договор за 1 година.
"Тој го сака клубот и не сакаше да си замине. Еве како во фудбалот работите брзо се менуваат и тој ќе добие нова можност која сум сигурен дека ќе ја користи. Добро момче е, работи напорно. Понекогаш луѓето остануваат со погрешен впечаток, но според мене Џермејн едноставно сака да игра фудбал и сум сигурен дека ќе биде корисен ", рече Хјуз.
"За жал не успеавме да го земеме на турнејата во САД (поради криминални активности), но на тренинзите на младинскиот тим одлично се справи и јас сум многу задоволен", додаде шефот, кој ќе врати во своите планови и друг играч паднал во немилост - Вилсон Паласиос.

No comments:
Post a Comment