- Тотнем чека од Реал Мадрид поголема сума за Гaрет Бејл
Полудефанзивецот на Тотнем и велшки репрезентативец Гaрет Бејл засега останува во Тотнем. Англискиот фудбалски клуб одби да води понатамошни преговори со Реал Мадрид, додека шпанците не го зголемат суштинскиот предлогот за трансфер на Гарет Бејл, кој во моментов е 80 милиони фунти. Гарет Бејл не играше во пријателскиот натпревар со Монако. Официјалната верзија е поради повреда.
Според материјалот на мадридскиот дневен весник AS, Бејл дури и размислува да не се појави на утрешниот тренингна Тотнем, со што ќе ги каже категорично своите барања пред клубот.
Тотнем ќе ја казни сериозно својата ѕвезда Гарет Бејл, ако велшанецот не се појави во вторникот на тренингот на тимот.
Во случај ако фудбалер № 1 на Премиер лигата ги пропушти активностите на клубот, тогаш тој може да биде казнет со сериозната сума од 70 000 фунти.
Во моментов Бејл се наоѓа во Кардиф, како одржува постојани контакт со агенти и чека развој околу трансферната сага.
Засега од Тотнем се категорични дека Бејл не се продава и фудбалерот треба да се појави во вторникот на тренингот на тимот, инаку е заплашен од сериозна парична казна.
НОВО: Сликата на Гарет Бејл од официјалниот профил на Тотнем во социјалната мрежа Twitter беше отстранета. Според различни извори, тоа е јасен знак дека ѕвездата на тимот ќе биде продаден во Реал Мадрид.
Пред неколку дена фотографии на Гарет Бејл и Клинт Демпси ја красеа страницата на клубот во мрежата, но во моментов тие се отстранети, на нивно место се поставени сликите на Јан Вертонген и Кајл Вокер.
Активностите на Тотнем само дополнително разгоруваат сагата за трансферот на велшанецот на "Бернабеу".

No comments:
Post a Comment