Tuesday, 30 July 2013

ЈУНАЈТЕД СО "ТРИК" ГО ПРОДАВА РУНИ НАДВОР ОД АНГЛИЈА

-  Јунајтед му прави трик на Челси за Вејн Руни

Ѕвездата на Манчестер Јунајтед Вејн Руни (27 година) 100% нема да игра за Челси наесен, "Грмна" весникот "Мирор". Според изданието, покрај официјалната позиција на клубот дека Руни не се продава, менаџерот на "црвените ѓаволи", Дејвид Мојс е подготвен да го продаде за секунда поради долготрајниот конфликт меѓу нив. Но цврсто ќе ги одбие сите понуди од конкуренцијата во Премиер лигата, а особено од Челси, од каде најсериозно се притиска за неговите услуги. Во Англија се зборува дека лондончани подготвуваат нова понуда за Вејн во износ од 35 милиони евра, но полза од неа нема да има, против шкотскиот инает на Мојс.
Руни има договор со Јунајтед до летото 2015 година, но од раководството немаат намера да му понуди новдоговор, поради "убиствената"  плата во износ од 290 илјади евра неделно. И во таква ситуација единствената опција да земат некои пари за него, и да не го испуштат како слободен агент е да го продадат во странство. Проблемот, сепак, е дека во моментот никој надвор Премиер лигата не покажува интерес да го земе. Некаков интерес има само од Реал, но сега на "Бернабеу" се зафатени повеќе со престојниот трансфер на Гарет Бејл (Тотнем), а Руни им е последна грижа. Работите, сепак можат да се сменат  брзо со приближувањето на крајот од трансфер прозорецот. Особено ако од Јунајтед се подготвени да се разделат со напаѓачот за далеку помалку пари од оние кои ги нудат од Челси. 
SHREK : ))

No comments:

Post a Comment