- Зделка на неделата
Најголемата компанија за регрутирање на кадри во светот Hays ќе работи во наредните три години со Манчестер Сити. Партнерството ќе биде активирана со глобална маркетинг програма фокусирана на дигиталните и социјалните медиуми. Компанијата е основана во 1867 година во Лондон, а во моментов има 8000 вработени во 33 земји во светот. Годишниот обрат е над 4,57 милијарди евра.
Според договорот Hays ќе се рекламира од лед паноата на стадионот "Етихад", а вработените ќе добијат специјални попусти за мечевите на Сити.
"Hays се наметне како име во целиот свет благодарение на вештината да привлекува најголемите таленти и професионалци во бизнисот"- коментира комерцијалниот директор на Манчестер Сити, Том Глик.
Нашиот клуб се потпира на најдобрите кадри и сме горди што го имаме најдобриот тим на професионалци. Без разлика дали станува збор за странски или домашни таленти на теренот, или за стјуардите крај теренот, секогаш се стремиме да работиме со вистинските луѓе, кои го движат тимот напред ".
No comments:
Post a Comment