- Фердинанд: Веќе сме доволно силни
Дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Рио Фердинанд изјави дека сегашниот состав на тимот ги поседува потребните квалитети за да ја освои титулата во Англија без да привлекува нови имиња во составот.
"Ја имаме потребната самодоверба. Ако ја започнеме сезоната со играчите со кои располагаме сега, тогаш сум повеќе од убеден дека ќе имаме големи шанси да освои трофеи. Доколку менаџерот се одлучи да земе уште некој играч, тогаш тоа би било одлично, но ќе видиме што ќе се случи ", коментира Фердинанд.

No comments:
Post a Comment