- Бари разочаран што Сити не му нуди нов договор
Фудбалерот на Манчестер Сити Гaрет Бери изрази разочарување од фактот дека раководството на клубот не му нуди нов договор. Сегашниот договор на играчот истекува во 2014 година.
"Треба да почекаме и да видиме во однос на новиот договор", рече Бери за весникот "Мирор".
"Јас не сум слушнал ништо за нов договор од клубот и по се изгледа дека мојот договор ќе истече во текот на летото 2014 година."
"Менаџерот зборуваше со мене, тој ми рече дека ме гледа како дел од составот, бидејќи сака да има по двајца квалитетни играчи на секој пост."
"Треба да прифатам дека во присуство на Јаја Туре, Хави Гарсија и Фернандињо е тешко да си избори позиција во средината на теренот."
"Малку сум разочаран што не сум добил понуда до овој момент, но не сум разочаран поради тоа", додаде Бари.

No comments:
Post a Comment