- Барнс: Треба да се ослободиме од Суарез
Еден од поранешните играчи и миленици на Ливерпул, Џон Барнс, се огласи во јавноста, за да проговори за жешко тема во англискиот фудбал во последно време, случајот со Луис Суарез. Talksport ги пренесе зборовите на 49-годишниот Барнс, според кој Ливерпул мора брзо да го продаде Суарез.
"Сме виделе во минатото дека трансфери се случуваат во последната минута и тоа не помага на никого, особено за клуб како Ливерпул, кој, ако го загуби Суарез, ќе мора брзо да најде негов заменик со големо име."
"Би сакал сето тоа да се реши што е можно поскоро, бидејќи ако остане за последниот ден, ќе се пренатрупан работата за заменикот. Тоа не е добро."
"Што се однесува до Суарез, ако не е среќен, тогаш треба да си тргне. Секогаш можеме да кажеме: 'Да, Суарез е како Карлос Тевез и секогаш дава се од себе,' но не знаеме сега што се случува во неговата глава и како тоа ќе се манифестира на теренот, ако тој не го добие она што сака."

No comments:
Post a Comment