Tuesday, 30 July 2013

ФУЛАМ СО ПОДОБРА ПОНУДА ЗА ДАРЕН БЕНТ

-  Фулам ja подобри својата понуда за Дарен Бент

Фулам упати нов, подобар предлог за купување на напаѓачот на Астон Вила Дарен Бент, соопштуваат британските медиуми. Минатиот викенд "котидџерс" понудија 4 милиони евра за 29-годишниот англичанец и според очекувањата беа одбиени. Но сега лондончани ја зголемиле оваа сума.
Овој чекор на Мартин Јол го остава назад Њукасл, кој исто така се обидува да потпише со Бент. Астон Вила се надева дека ќе добие за својот играч 6 милиони фунти, и изгледа дека новиот предлог на Фулам се совпаѓа со таа сума за купување на Бент.

No comments:

Post a Comment