- Премиер лигата проверува пабови и клубови за ТВ права
Англиската Премиер лига проверува пабови и клубови, кои емитуваат натпреварите во живо. Во моментов угостителските објекти во Велика Британија може да користат сигнал од странски сателити, кои обично се доста поевтини од англиските. За да се принудат сопствениците да плаќаат повеќе, фудбалските функционери најмија посебна фирма која ќе го утврди бројот на посетители во пабовите и ќе докаже дека сигналот се користи за комерцијални цели. Задача ја презеде компанијата ID Inquiries со седиште во Глазгов, која ги повика преку интернет луѓето да известуваат за "нелегални преноси на натпревари за комерцијални цели".
Според Премиер лигата единствените овластени компании кои можат да емитуваат англиски натпревари во живо, се Sky Sports и BT Sport. Кој не е во согласност со тоа, ќе биде обвинет со судска одговорност. Со собраните информации од ID Inquiries, Премиер лигата се надева да поднесува тужба и да си обезбеди дополнителни приходи. Лига се подготвува да ја оспори одлуката на Судот во Луксембург од 2011 година, според кој приватните лица на островот може да користат дигитални приемници од странски оператори, со кои да гледаат фудбал. Минатата недела функционерите на Премиер лигата добија дело во Врховниот суд, според која шесте главни интернет провајдери во Велика Британија ќе го блокира пристапот до еден од најголемите нелегални сајтови за фудбал во живо First Row Sports.
![]() |
| ID е водечки доставувач на корпоративни истраги, заштита на брендови и услуги за управување со ризик во Обединетото Кралство, а работи и во целиот свет. |

No comments:
Post a Comment