Tuesday, 30 July 2013

ТОТНЕМ БАРА МНОГУ ПАРИ ОД РЕАЛ ЗА БЕЈЛ, СЕ СПОМЕНУВА ЦИФРА ОД145 МИЛОНИ ЕВРА

-  Тотнем сосема се "откачи" , побара 145 милиони евра за Бејл

Претседателот на Тотнем, Даниел Леви продолжува да лази по нервите на раководството на Реал Мадрид. Леви побарал 145 милиони евра (околу 125 милиони фунти) од шпанскиот гигант за велшката ѕвезда на "Тотнем" Гарет Бејл, тврди "Марка". Шпанскиот спортски весник наведува дека по овој начин шефот на лондончани сака да испрати јасна порака до Реал Мадрид, дека Тотнем не се фабрика за играчи на "лос бланкос". Минатото лето од "Вајт Харт Лејн" во насока "Сантијаго Бернабеу" премина Лука Модриќ и сега целта на Даниел Леви е да му покаже на Реал Мадрид, ако шпанците сакаат уште една ѕвезда на лондончани после година дена од трансферот на хрватскиот фудбалер, тоа може да се оставри единствено со многу висока (и дефинитивно рекордна) цена.
Една од можните варијанти за трансферот на Бејл во Реал Мадрид.
Раководството на Тотнем одби неколку грандиозни понуди од Реал Мадрид за Гарет Бејл, но тоа не значи дека трансфер на велшкиот репрезентативец на "Сантијаго Бернабеу" е невозможен. Според весникот AS претседателот на Тотнем Даниел Леви е објавил под какви услови е склон да го пушти најдобриот фудбалер во Премиер лигата за минатата сезона во Реал. Од Тотнем инсистираат да добијат 98 милиони евра и левиот бек Фабио Коентрао.

No comments:

Post a Comment