- Суарез: Навивачите на Пул никогаш не ме се заканувале
Луис Суарез раскажа за својата одлука да не го напушта тимот во летниот преоден рок.
"Стивен Џерард премногу разговараше со мене, ми даваше совети и го зборуваше токму она што ми беше потребно. Кога тренирав одделно, тој ми велеше, дека на него не му се допаѓа тоа, бидејќи морам да работам заедно со останатите. Сега чувствувам огромната поддршка од страна на своите соиграчи. Исто така, многу важна беше поддршката на навивачите. Секогаш можам да се шетам мирно по улица без никакви проблеми. Никој никогаш не ме се заканувал, сето тоа беа измислици. Луѓето ми зборуваа да останам. Сега усилено работам за доброто на тимот и секогаш ќе бидам благодарен на Ливерпул", изјави Суарез.















