Friday, 1 November 2013

ВЕНГЕР: СО ПУЛ СМЕ ПРЕТЕНДЕНТИ ЗА ТИТУЛАТА.

-  Венгер: И ние, и Ливерпул сме претенденти за титулата

Арсен Венгер мисли, дека Арсенал и Ливерпул се два од тимовите кои ќе се борат за титулата оваа сезона во Премиер лигата.
"Суарез се справува многу добро, но за мене поважни се фудбалерите на Арсенал, а не оние на Ливерпул. Она што ќе биде од големо значење утре, се играчите кои ќе се соочат против Суарез. Нашата цел ќе биде да ја задржиме топката и да ја контролираме ситуацијата. Ако успееме да го направиме, нема зошто да се грижиме за нашите ривали. Суарез и Стариџ се едни од најдобрите напаѓачи во лигата. Жиру исто е одличен од почетокот на сезоната, но неговиот стил е различен од оној на Суарез. Ние сме претенденти за титулата, какви што се и Ливерпул. Има уште четири или пет тима кои ќе бидат во битката. Ова е голем натпревар, многу важен, но јас не мислам особено многу за моменталниот пласман на табелата. Во моментов меѓу 8- от и 14-от тим на табелата има разлика од два или три поени. Во моментов пласманот на табелата не кажува ништо", смета Венгер.


No comments:

Post a Comment