Thursday, 31 October 2013

ВЕНГЕР НИКАКО НЕМОЖЕ ДА ГО ПОБЕДИ МУРИЊО.

-  Венгер не успеа да го победи Мурињо и по деветтиот обид

Челси го победи Арсенал со 2:0 среде "Емирејтс" и се пласираше во 1/4-финалето во Лига Купот. Тоа беше петти успех на Жозе Мурињо против неговиот колега Арсен Венгер. Французинот сеуште нема победа против Мурињо, од девет средби меѓу нив Венгер има пет загуби и четири нерешени дуели. Всушност во моментов единствениот менаџер во Премиер лигата, кој има позитивен биланс против Мурињо, е Роберто Мартинез. Тој играл еднаш против португалецот, на почетокот на оваа сезона, кога Евертон го победи Челси со 1:0.



НОВА МОДА ВО ЕВЕРТОН.

-  Нова мода во Евертон по косата на Фелаини

По периките, со косата на Маруан Фелаини, нова мода е на пат да облие стадионот на Евертон, "Гудисон Парк". Тоа е брадата на голманот Тим Хауард, кој во последниот месец станува се подискутирана во тренинг центарот на "карамелите". Американскиот голман секогаш бил познат по густата  брада, но во последните неколку недели одлучил да не се бричи, а тоа не остана незабележано од навивачите на неговиот тим.
Приврзаниците на "карамелите" го прашаа Хауард во социјалната мрежа "Твитер".  До кога планира да ја носи густата и долгата брада и се заканија да пуштат во продажба лажни бради, кои личат на неговата, со кои да се фалат на трибините на "Гудисон Парк". 
"Мислам, дека многу голем дел од мојата сила доаѓа од брадата", одговори на прашање на официјалниот сајт на Евертон американскиот ветеран.


КАКО СЕ ПОЗДРАВИЈА ОЗИЛ И МУРИЊО ???

-  Како Озил го  Мурињо на "Емирејтс"

Новата ѕвезда на Арсенал, Месут Озил искажа по емоционален начин почит кон својот поранешен тренер во Реал Мадрид, Жозе Мурињо. Ова следеше по крајот на дербито меѓу Арсенaл и Челси, победено од"сините" со 2:0. По последниот свиреж на "Емирејтс" Озил отиде кај Мурињо, му го подари својот дрес и го прегрна португалецот. Неодамна Озил призна, дека Мурињо му испратил порака "Добредојдовте во Лондон", кога халфот го финализира трансферот во Арсенал.



Wednesday, 30 October 2013

СНОДГРАС ОТПУШТЕН ОД БОЛНИЦА...

-  Снодграс беше отпуштен од болница по ѕверски судир со Рафаел

Напаѓачот Роберт Снодграс од Норич беше отпуштен од болница, каде синоќа беше примен поради удар во главата за време на средбата од Лига купот меѓу "канаринците" и Манчестер Јунајтед во вторникот. Репрезентативецот на Шкотска доби потрес во вториот дел на дуелот по судир со Рафаел да Силва од "црвените ѓаволи". По инцидентот Снодграс беше изнесен на носилка. Фудбалерот бил примен во болница, а неколку часа потоа е отпуштен. Манчестер Јунајтед о победи Норич со 4:0 и се пласираше во четвртфиналето во Лигата купот. Сеуште не се знае дали Снодграс ќе може да игра за "канаринците" во дуелот од Премиер лигата против Манчестер Сити во текот на викендот.

ТУРЕ: ЛИВЕРПУЛ Е ФАВОРИТ ЗА ТИТУЛАТА.

-  Коло Туре: Ливерпул е реален фаворит за титулата

Дефанзивецот на Ливерпул Коло Туре е на мислење, дека Ливерпул е вистински претендент за титулата и тимот треба да го докаже тоа во претстојното дерби со лидерот Арсенал.
"Секако, дека сме претенденти за титулата. Во тимот има толку многу одлични фудбалери. Начинот на кој играме, тоа го докажува. Ливерпул е фантастичен клуб. Дефинитивно сакаме да ја освоиме титулата. Арсенал исто така е претендент за првото место. Без Арсен Венгер јас немаше да бидам во Англија. Тој ме забележа. Тоа е одличен менаџер. Во саботата сепак сакам да покажам, дека во Арсенал погрешија што ме пуштија да си одам. Ќе одам за битка. Сакам да покажам што можам и да му помогна на мојот тим, Ливерпул, да победи. Ќе биде тешко, но ние сме силен тим, кој има одличен менаџер. Тие знаат, дека претставуваме закана за нив и натпреварот ќе биде тежок", вели Коло Туре.

BWIN ПРИМИ ОБЛОЗИ ЗА ВРАЌАЊЕ НА СЕР АЛЕКС.

-  Обложувалница, спонзор на Манчестер Јунајтед, прифаќа облози за враќањето на Сер Алекс

Еден од спонзорите на Манчестер Јунајтед, компанијата за онлајн обложување Bwin, ги разбранува духовите на "Олд Трафорд", откако почна да прифаќа облози за враќањето на Сер Алекс Фергусон како менаџер на "црвените ѓаволи". Овој потег на компанијата предизвикал големи реакции помеѓу шефовите на шампионите, кои го определиле тоа како "целосно недоличен предло"​. Официјалниот портпарол на Манчестер Јунајтед потврди, дека Bwin е само партнер на клубот и од " Олд Трафорд" не можат да влијаат на пазарите на компанијата. Сепак портпаролот потсетува, дека Сер Алекс "изјавил многу јасно дека нема намера да се враќа кон менаџерската професија". Од Bwin го дадоа следниов коментар: "Никој не знае што може да се случи во фудбалот". 

МУРИЊО ПРАВИ ЧИСТКА ВО ЧЕЛСИ.

-  Мурињо подготвува сериозна чистка во Јануари

Менаџерот на Челси, Жозе Мурињо подготвува сериозна чистка во тимот во јануарскиот преоден рок. Според "The People", тренерот кренал раце од Хуан Мата, Гари Кејхил, Кевин де Бруин, Цезар Аспиликуета, Џон Оби Микел, Демба Ба и Рајан Бертранд.
"Многу од играчите се во иста лодка и не се чувствуваат сигурни за својата иднина во клубот. Се чини, дека Жозе не е задоволен од тоа со што располага и е решен да направи многу промени во текот на зимата", тврди извор од "Стемфорд Бриџ".


ВЕНГЕР: ГРЕШКИТЕ ВО ОДБРАНА НЕ УНИШТИЈА.

-  Венгер: Грешките во одбраната не провалија

Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер остана разочаран после поразот со 0:2 од Челси и елиминацијата од Лига Купот.
"Покажавме добра движење по теренот, но бевме малку наивни во одредени ситуации. Првиот гол, тргна од корнер во наша полза, за да се стуне до гол за нив. Генерално се претставивме добро со добра игра и доста движење. Натпреварот беше рамноправен со една-две можности за Челси. Тие сепак ги искористија подобро нашите грешки. Тешко ни беше да се соземеме по првиот гол. Челси се бранеше добро и не напаѓаше преку контранапади. Нашиот најважне натпревар сепак ни претстои во саботата. Се наоѓаме на добра позиција во првенството и треба да го искористиме тоа", изјави Венгер.


ЈОЛ НЕ ЧУВСТВУВА ПРИТИСОК.

-  Мартин Јол не се чувствува зарозен

Менаџерот на Фулам Мартин Јол, изјави, дека не  чувствува притисок и покрај отпаѓањето на неговиот тим од Лига Купот по поразот со 3:4 од Лестер.
"Не чувствувам притисок, затоа што не сме на дното на табелата. Има неколку екипи со исти или помалку бодови од нас. Неколку се тимовите со 10-11 поени, па ние мора да бараме изненадувачки резултат против Јунајтед или Ливерпул, или да се обидеме да ги земеме поени против послабите тимови. Сезоната не се решава во два натпревари, но ние нема како да сме среќни по средбата со Саутхемптон. Вечерва неколку момчиња покажаа на што се способни. Генерално, тимскиот дух на тимот беше висок, но дозволивме евтини голови. Фрустрирачки е, тоа што ја контролиравме играта во првото полувреме, а потоа ни дадоа два гола од никаде. Прво Стекеленбург не успеа да ја задржи топката, а при вториот гол Сендерос ја подари топката на противникот и тоа беше сериозна грешка. Откако го постинавме третиот гол мислев, дека можеме да дојдеме и до успехот, но не се случи тоа", изјави Јол.

АЕРОФЛОТ ГО РЕКЛАМИРА ЈУНАЈТЕД НА 5-ТЕ НАЈОЛЕМИ АЕРОДРОМИ.

-  "Аерофлот" го рекламира Јунајтед на пет големи аеродроми

Рускиот спонзор на Манчестер Јунајтед "Аерофлот" започна масовна рекламна кампања на пет од најголемите аеродроми во светот. До Јануари навивачите на "црвените ѓаволи" ќе може да разгледаат авион од фудбалски топки на "Хитроу", како и во Франкфурт, Токио, Шангај и Пекинг. Тие можат да учествуваат во натпреварување на импровизиран фудбалски терен, а победниците ќе добијат билет до Манчестер за натпревар на Јунајтед во 2014.

ВИЛА СЕ ПРОБИ НА ТВ ПАЗАРОТ ВО САД.

-  Астон Вила стапна во Америка

Англискиот клуб Астон Вила се проби на американскиот телевизиски пазар и во следните две години ќе ја емитува својата емисија Aston Villa Weekly на два канала во Калифорнија. Договорот стана факт со помош на Time Warner Cable.
"Партнерството ќе ни помогне да дојдеме до милиони домаќинства во Америка. Значи не само што ќе ги зарадуваме старите фанови, но ќе стинеме и до нова публика", изјави шефот за маркетингот на Вила, Расел Џонс.

РИО ИЗДАДЕ КНИГА ЗА СВОЈОТ ПРЕСТОЈ ВО ЈУНАЈТЕД.

-  Фердинан издава книга

Еден од најискусните фудбалери во Манчестер Јунајтед, Рио Фердинанд ќе ја претстави својата книга "Моите 10 години во Јунајтед" на специјална церемонија утре. Предговорот на биографското четиво е дело на поранешниот менаџер на Јунајтед, сер Алекс Фергусон.


ЗАБАЛЕТА: СИТЕ Е СПОСОБЕН ЗА СИТЕ 4 ТРОФЕИ.

-  Забалета: Пелегрини рече, дека треба да освоиме четири трофеи

Дефанзивецот на Манчестер Сити, Пабло Забалета смета, дека неговиот тим треба да елиминира Њукасл во Лига Купот.
"Минатата сезона беше лоша. Го освоивме второто место во Премиер лигата и го изгубивме финалето во Купот на Англија. Сити не е тим кој ќе се задоволи со второто место. Менаџерот секогаш ни кажува, дека сме силен тим и може да го победиме секој ривал. Пелегрини ни рече, дека треба да се стремиме да и освоиме сите четири натпреварувања во кои учествуваме. Мислам, дека притисокот ќе ни помогне да постигнеме високи цели. Секако, приоритет е победата во Премиер лигата и Лигата на Шампионите, но сакаме победиме и во Купот на Англија и Лига Купот", изјави Забалета.


ЈУНАЈТЕД ГО ПРОДАВА АНДЕРСОН.

-  Јунајтед е подготвен да го продаде Андерсон

Манчестер Јунајтед е подготвен да се раздели со полудефанзивецот Андерсон во зимскиот трансфер прозорец, соопштува британскиот печат. Според информациите, 26-годишниот фудбалер веќе не се наоѓа во плановите на Дејвид Мојс и продолжува да ја губи конкуренцијата за место во стартниот состав, имајќи при тоа проблеми со вишокот килограми.
Се претпоставува дека клубот од "Олд Трафорд" ќе сака да добие за Андерсон околу 8 милиони фунти. Освен тоа, разделбата со Андерсон ќе заштеди пари од неговата висока плата.
"Андерсон се наоѓа далеку од потребните стандарди. Тој едноставно не го користи својот потенцијал и при добар предлог во Јануари, ние ќе го продадеме", соопшти извор од Јунајтед.

ВЕНГЕР: НОРМАЛНО Е ПОМЕЃУ МЕНАЏЕРИТЕ ДА ИМА КОНФЛИКТИ.

-  Венгер: Нормално е меѓу менаџерите да има конфликти

Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер изјави, дека тензиите во односите со тренерот на Челси, Жозе Мурињо останале во минатото.
"Меѓу конкурентите често се јавуваат различни ситуации. На пример, можете да видите што се случи помеѓу Пелегрини и Мурињо. Работата е во тоа што, ние се раздаваме на секој натпревар со своите срца. Поминува време и проблемите се испелуваат. Не велам, дека сум изненаден на враќањето на Жозе во Челзи. За ова се зборуваше многу. Кога тој го напушти Мадрид неговото враќање во Челси изгледаше многу привлечна опција за него", изјави Венгер.