- Обложувалница, спонзор на Манчестер Јунајтед, прифаќа облози за враќањето на Сер Алекс
Еден од спонзорите на Манчестер Јунајтед, компанијата за онлајн обложување Bwin, ги разбранува духовите на "Олд Трафорд", откако почна да прифаќа облози за враќањето на Сер Алекс Фергусон како менаџер на "црвените ѓаволи". Овој потег на компанијата предизвикал големи реакции помеѓу шефовите на шампионите, кои го определиле тоа како "целосно недоличен предло". Официјалниот портпарол на Манчестер Јунајтед потврди, дека Bwin е само партнер на клубот и од " Олд Трафорд" не можат да влијаат на пазарите на компанијата. Сепак портпаролот потсетува, дека Сер Алекс "изјавил многу јасно дека нема намера да се враќа кон менаџерската професија". Од Bwin го дадоа следниов коментар: "Никој не знае што може да се случи во фудбалот".

No comments:
Post a Comment