CHAMPIONSHIP

CHAMPIONSHIP

Friday, 11 October 2013

ДЕБУШИ ГИ НЕГИРАШЕ ГЛАСИНИТЕ ЗА РАСКОЛ ВО СОБЛЕКУВАЛНАТА НА ТИМОТ.

-  Дебуши негираше за раскол во соблекувалната на Њукасл

Дефанзивецот на Њукасл, Матио Дебуши ги негираше неодамнешните информации за скандал во соблекувалната на тимот. Во последно време се повеќе се зборува дека кај "страчките" има судир меѓу француските фудбалери и останатите играчи. 28-годишниот бек е еден од деветте французи во составот на Алан Пардју, но категорично ги отфрли овие информации. 
"Вистина е, дека во соблекувалната зборуваме доста на француски, бидејќи имаме голема група французи. Ние сме многу сплотени меѓу себе. Во исто време, сепак ние се обидуваме да зборуваме на англиски со англичаните и другите играчи во клубот. Според мене сé е во ред и нема никакви тензии", изјави Дебуши.

ЏЕРАРД: НИКОГАШ НЕ СУМ ПРАЌАЛ ПОРАКИ НА ХАРИ РЕДНАП

-  Џерард негира дека го поддржал Хари Реднап

Капитенот на Ливерпул и англиската репрезентација, Стивен Џерард изјави дека не го поддржал Хари Реднап за селекторскиот пост на "трите лава". Менаџерот на Квинс Парк Ренџерс беше главен фаворит за местото во Мај 2012, но потоа беше назначен Рој Хоџсон.
Во биографија која излезе пред неколку дена, Реднап пише, дека неколку од главните играчи на Англија, вклучувајќи го и Стивен Џерард, му посакале успех и го поддржале за неговото именување. Џерард сепак ги негираше овие тврдења.
"Сакам да биде јасно сето тоа. Не сум пратил порака на личениот телефон на Хари Реднап. Никогаш не сум му го имал неговиот број", коментира Џерард на прес-конференција пред клучнаите квалификации за светското првенство против Црна Гора утре.
"Јас сепак сум голем фан на Хари и сум многу близок пријател со Џејми (син на Хари Реднап и поранешен фудбалер на Ливерпул и англиската репрезентација ) ", изјави уште капитенот на Ливерпул.


ЏАКЕРИНИ РАСКАЖА ЗА СВОЈОТ ТРАНСФЕР.

-  Џакерини: Трансферот  не зависеше од Конте

Фудбалерот на Сандерленд, Емануеле Џакерини раскажа за својот трансфер во англискиот клуб од Јувентус.
"Поминав во Јувентус две извонредни години. Ако одлуката за мојот трансферот зависеше само од тренерот, јас најверојатно ќе останев во Торино. Клубот ги разгледа сите примени предлози и на крајот се согласи за условите на Сандерленд. Тие одлучија да се разделат со мене. Тука фудбалот ми се допаѓа. Тој е со помалку техника, но пак за сметка на тоа е поинтензивен и енергичен. Стадион секогаш се полни, а навивачите едноставно се прекрасни", изјави Џакерини.

ЛУДИОТ БАРТОН РАСПУКА ВО СЕР АЛЕКС И АНГЛИСКИОТ ФУДБАЛ.

-  Бартон повторно избувна: Фергусон не е никаков тренер, а англискиот национален тим е "ла ** о"!

Халфот на Квинс Парк Ренџерс, Џои Бартон направи уште една сензационална изјавата во која го нападна легендарниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон, како и целиот англиски национален тим.
"Ние ги цениме премногу менаџерите, но не ни е гајле воопшто за тоа со какви тренери располагаме. Немам никаква намера да не го непочитувам Сер Алекс Фергусон, тој беше неверојатен менаџер, но ако требаше да одржи само еден тренинг, за да го спаси својот живот, ќе беше изгубен. Нема идеја како ќе ги нареди конусите. Постои огромна разлика помеѓу тоа да си тренер и менаџер". 
"Англискиот национален тим е лајно. Што е поентата на оваа нова комисија за националните тимови, која сега ја градат ? Одлично е, ако се викаш Грег Дајк (претседателот на ФА), бидејќи тогаш ќе има осум лица, на кои ќе може да се покаже со прст, кога нема да успееме на следното светско првенство. Одлична е и за шефовите на Премиер лигата, кои со неа се изолираат од проблемот. ФА е архаична и воопшто не може да се справи со проблемите кои ги има пред себе. Дури не ја раководи елитната дивизија на земјата. Истовремено Премиер лигата не се интересира воопшто од англискиот фудбал, а само од тоа како да ги продава своите производи. Не верувам, дека имаме којзнае какви добри фудбалери. Точно е, дека сите тие имаат освоено многу титули со клубовите, но во нив играат со многу добри странски колеги", изјави Бартон.


СТАРИЏ Е ГОЛЕМ ВЕРНИК, И СМЕТА ДЕКА ГОСПОД МУ ПОМОГНАЛ ЗА ДОБРАТА ФОРМА...

-  Стариџ: Господ ми помага за добрата форма

Напаѓачот на Ливерпул и голгетер на Премиер лигата во моментов Даниел Стариџ ја оддаде одличната форма во која се наоѓа, на вербата во господ и макотрпната работа, која ја вложува на тренинзите.
"Во моментов се оди одлично за мене и сметам, дека сум благословен од Господ за мојата вера. Токму таа ме донесе овде. Макотрпната работа е исто така мнпгу важна. Важно е да си ја вршиш работата на теренот и да даваш се од себе до крајот на натпревари и тоа ќе се обидам да го направам. Се чувствувам многу добро. Секој во тимот е позитивен, немаме трпение да дојдат натпреварите. Двата дуели се многу важни заради нашата позиција на табелата и малата разлика во поени со нашите конкуренти. Постојат четири екипи, кои можат да се квалификуваат на светското. Сонот на секој фудбалер е да игра на таков форум, дефинитивно е и мојот и се надевам дека ќе помогнам за тоа постигнување", коментира Стариџ.


ЧЕЛСИ Е ПРОТИВ ФИНАНСИСКИОТ ФЕРПЛЕЈ НА УЕФА.

-  Челси е против финансискиот ферплеј

Претседателот на Челси, Брус Бак се изјасни негативно за идејата на УЕФА за воведување на финансиски ферплеј. Во нејзината основата за оваа мерка, стои намалувањето на загубите на европските клубови.
"Ова ќе го убие соништата на помалите клубови. Ќе стане невозможно да дојде некој како Роман Абрамович и да го претвори клуб како Челси во европска сила. И во моментов е тешко, но ќе стане невозможно", коментира Беус Бак.
Според Бак има доволно форми на финансиски контроли, кои работат добро во Англија од години и не е потребно УЕФА да се меша административно. Некои клубови како Манчестер Сити и ПСЖ пак најдоа начин да се заобиколат правилата, склучија одлични спонзорски договори со компании блиски до нивните сопственици што е скриена форма на субвенционирање.


Thursday, 10 October 2013

ОЗИЛ СИ КУПИ НОВ СУПЕР АВТОМОБИЛ.

-  Озил брзо навикнува на животот во ЛОНДОН

Германскиот плејмејкер брзо направи впечаток во Премиер лигата со своите настапите. Па, откако веќе сите знаат, дека тој е еден од најдобрите играчи во светот, Месут Озил може да се пофали и со нови бенефиции.
Фудбалерот објави слика во една од социјалните мрежи, на која позира со нов автомобил - Mercedes SLS. Додека се натпреваруваше за Реал Мадрид, Месут Озил преферираше да вози Ferrari.

ВЕНГЕР САКА ДА ОСТАНЕ ВО АНГЛИЈА ДО КРАЈОТ НА ЖИВОТОТ.

-  Венгер: Може да останам во Англија до крајот на животот

Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер призна дека се чувствува удобно во Англија и е подготвен да остане и да живее на островот до крајот на животот.
"Можам да замислам, дека ќе живеам во Англија до крајот на животот. Зошто пак не ? Овде се чувствувам многу удобно. Благодарен сум и на Англија за тоа, што таа ме прифати и ми даде шанса да се реализирам".
"Дали сум религиозен човек ? Ако треба да сум чесен, како дете многу се молев, бидејќи учев и живеев во многу верско опшество. Сега сум помалку религиозен човек. Кога се наоѓаш под сериозен притисок, тогаш мислиш само за играта. Кака да ја победиш следната средба ? Така, како тренер ми се наметнува да бидам повеќе прагматичен", изјави Венгер.

САКО РАСКАЗУВА ЗА ЖИВОТО И ФУДБАЛОТ ВО АНГЛИЈА.

-  Сако: Роџерс ме нарекува убиец!

Дефанзивецот на Ливерпул, Мамаду Сако раскажа за адаптацијата кон англискиот фудбал и исто така и за односи со менаџерот на тимот Брендон Роџерс.
"Неодамна купив куќа во Ливерпул, недалеку од куќата на Стивен Џерард. Сеуште ми е тешко да се навикнам на спротивното движење, неколку пати ја настапив линијата, влегував во сротивното движење, поради тоа имам намера да си ангажирам личен возач. Исто така се запишав на часови по англиски јазик, за да можам подобро да се разбере со соиграчите".
"Што се однесува до фудбалот, таму немам никакви проблеми. Внимателно го слушање менаџерот, се трудам да учам и прифаќам сè што вели тој. Смешно е, но токму Брендон Роџерс ми го даде прекарот "Убиец" ! Можеби таков впечаток оставам на тренинзите", изјави Сако. 

РВП: НЕМАМ СКРШЕН ПАЛЕЦ НА НОГАТА.

-  Ван Перси негираше, дека има скршеница

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Робин ван Перси ги демантираше информациите, дека има скршен палец на ногата. Како што е познато, холандскиот репрезентативец заработи повреда на натпреварот од Лигата на Шампионите против Шахтјор, но и покрај постојаната болка, голгетерот на Јунајтед во минатата сезона играше во дуелот против Сандерленд викендов. По оваа средба се дозна за проблемот на холанѓанецот и како последица на тоа неговото учество во утрешниот натпревар од квалификациите за пласман за СП 2014 против Унгарија е под прашање, дури и во некои локални медиуми се појавија гласини за кршење на палецот на ногата на Робин.Се покажа, дека тоа не одговара на вистината.
"Се чини, дека многу силно го настапија мојот палец. Јас навистина мислев дека, сум го скршил. За среќа, фотографиите не го потврдија тоа. Играв во саботата, но се уште не сум ја излечил повредата", изјави Ван Перси.

ВЕНГЕР ИМ КАЖУВА НА ИГРАЧИТЕ, ДЕКА СЕ НЕ Е ВО ПАРИТЕ.

-  Венгер: Секогаш сум им кажувал на играчите да не мислат за пари

Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер раскажа за своите разговори со фудбалерите од лондонскиот клуб .
"Секогаш им велам на своите фудбалери: "Заборавете на парите". Најважното нешто е добро да играте заедно. Многу поважно е на каков начин вие живеете во колективот, какви вредности ве обединуваат. Парите се само резултат на вашата работа. А реалната работа е само игра".
"Секогаш сум давал за пример неколку фудбалери кои предвреме ја завршиле кариерата. Работата не е во тоа што не им стигнуваат парите, тие ги имаат во изобилство. Негативно влијание врз нив покажа недостаток на искуство во работењето во колектив, што не им дозволува да имаат заеднички вредности, а тоа води и до влошување на резултатите", изјави Венгер.

ШКРТЕЛ ГИ ФАЛИ СТАРИЏ И СУАРЕЗ.

-  Шкртел: Добро што Суарез и Стариџ не ми се противници

Дефанзивецот на Ливерпул, Мартин Шкртел ги сподели своите ставови за играта на напаѓачот Луис Суарез и Даниел Стариџ.
"Стариџ и Суарез заедно претставуваат опасност за секој тим и за секој дефанзивец. Тешко е да ги следиш, бидејќи многу брзо се движат по теренот. Тие се брзи, силни и техничари. Против нив е неудобно да играш и многу имаме среќа, што Суарез и Стариџ играат за нас, а не ни се противници", изјави Шкртел.

ВАН ДЕР САР: ДЕ ГЕА БЕШЕ ЕДНА ОД ПРИЧИНИТЕ ЗА ТИТУЛАТА.

-  Ван дер Сар: Де Геа е една од причините за титулата на Јунајтед

Поранешниот голман на Манчестер Јунајтед, Едвин ван дер Сар го истакна напредокот во играта на Давид Де Геа.
"Ова е неверојатно: тој пристигна во Јунајтед од друг шампионат на млада возраст, тој имаше само 20 години. Пристигна од Шпанија, не го знаеше јазикот. Се најде во сосема друга средина, друг манир за игра , други методи и тренинзи. Центрирањата при прекините многу се разликуваат од оние во Шпанија. Сосема е мормално, дека тој во почетокот имаше проблеми. Откако, сепак почна да игра добро минатиот Јануари, Давид стана една од неколкуте причини тимот да ја освои титулата", изјави Ван дер Сар.

ВЕНГЕР: МУРИЊО ПОСТОЈАНО БАРА ПРОМЕНИ ВО ТИМОТ.

-  Венгер: Мурињо постојано бара нешто

Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер ги сподели своите ставови за работата на својот колега Жозе Мурињо од Челси.
"За разлика од повеќето луѓе, јас сметам дека Челси е многу добар тим. Мурињо, слично на Гвардиола внимателно го следи тимот и му посветува големо внимание. Тој постојано се наоѓа во потрага по одговори, во секој момент, но и секој чекор го приближува кон одговорите. Последните резултати го покажуваат тоа. Мата се врати во тимот и се си доаѓа на своите места. Во моментов Челси има многу млади и топ играчи", изјави Венгер.

РУНИ РАСКАЖА ЗА НЕДОРАЗБИРАЊЕТО СО СЕР АЛЕКС.

-  Руни ја откри причината за недорабирањето со Фергусон

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни, откри дека несогласувањето, кој беше меѓу него и поранешниот менаџер на тимот Сер Алекс Фергусон минатата сезона, било предизвикано од желбата на шкотланѓанецот да го користи често напаѓачот во улога на играч за врска.
"Може јасно да видите, дека сега играм и сум среќен од фудбалот, кој го демонстрирам. Дејвид Мојс дојде, ме користи во нападот и јас се забавувам. Не дека имав проблем да играм на необична позиција во минатото. Јас сепак сум напаѓач и чувствував, дека го заслужив правото да играм на мојата позиција. Ова не се случуваше. Секако, бев разочаран што најверојатно ми се одрази на мојата игра во некои натпревари, бидејќи минатата сезона не беше најдобрата за мене. Секој во клубот знае каде сакав да играм. Можеби ќе заиграат повеќе во средниот ред, кога ќе сум малку постар и и кога ќе ја загубам брзината. Не велам, дека сум мавтал раце и не сум се враќал назад кога било потребно во последните 10 минути на некој натпревар. Но дојде момент, во кој требаше да бидам малку себичен во однос на мојата сопствена кариера. Искрено, бев смирен цело лето. Знам, дека од страна може и да не изгледаше така , но навистина бев смирен. Зборував со важните луѓе во клубот и бевме свесни какви се нашите позиции. Жена ми роди дете и јас бев многу среќен. Не сакав да излезам и да кажам дали сакам да заминам, или сакам да останам. Сакав да се фокусирам само на фудбалот. Ќе видиме што ќе се случи потоа", изјави Руни.