- Челси е против финансискиот ферплеј
Претседателот на Челси, Брус Бак се изјасни негативно за идејата на УЕФА за воведување на финансиски ферплеј. Во нејзината основата за оваа мерка, стои намалувањето на загубите на европските клубови.
"Ова ќе го убие соништата на помалите клубови. Ќе стане невозможно да дојде некој како Роман Абрамович и да го претвори клуб како Челси во европска сила. И во моментов е тешко, но ќе стане невозможно", коментира Беус Бак.
Според Бак има доволно форми на финансиски контроли, кои работат добро во Англија од години и не е потребно УЕФА да се меша административно. Некои клубови како Манчестер Сити и ПСЖ пак најдоа начин да се заобиколат правилата, склучија одлични спонзорски договори со компании блиски до нивните сопственици што е скриена форма на субвенционирање.

No comments:
Post a Comment