- Сисоко: Победа против Арсенал ќе биде предупредување за другите
Дефанзивецот на Ливерпул, Али Сисоко ги сподели своите очекувања од средбата од десеттото коло во Премиер лигата против Арсенал.
"Мислам, дека ако успееме да ги земеме трите бода во натпреварот со Арсенал, тоа ќе биде предупредување за сите тимови. Кон секоја средба приоѓаме индивидуално, но засега се претставуваме добро, блиску сме до врвот, иако пред нас има и тешки натпревари. Тешко ќе биде, дури и против тимови во долната половина на табелата. Ако сепак сакате да се квалификувате во Лигата на Шампионите од таков шампионат, како што е Премиер лигата, во секој дуел треба да си максимално концентриран", изјави Сисоко.

No comments:
Post a Comment