- Мартинез: Мило ми е што не го избрав Ливерпул
Менаџерот на Евертон, Роберто Мартинез ја сподели радоста, дека не го превземал Ливерпул, кога ја имаше таа можност.
"Се се случи многу набрзина и на крајот сум среќен. Мило ми е што не го избрав Ливерпул, а сега сум на чело на Евертон. Не жалам во ниту еден момент, што не ја прифатив понудата на Ливерпул. Сметам, дека ја донесов правилна одлука. Дербито на Мерсисајд е еден од најголемите судири во Англија. За мене е голема чест што ќе го предводам Евертон во овој дуел. Секако дека единствената цел е да победиме", коментираше Мартинез.

No comments:
Post a Comment