- Колочини посака да го напушти Њукасл
Дефанзивецот на Њукасл, Фабрицио Колочини изјави, дека сака да го напушти тимот за да се врати во својата татковина.
"Никој не се знае што ќе се случи во фудбалот. Во Јануари ќе направам се што е можно за да се вратам во Аргентина. Но како што реков претходно, последниот збор му припаѓа на Њукасл. Клубот е заинтересиран за тоа јас да останам и сум должен да го почитувам неговото решение. Но јас лично сакам да се вратам што е можно поскоро дома", изјави Колочини.

No comments:
Post a Comment