- Мурињо: Рамирес не се продава, а ситуацијата со Куртoа е под контрола
Менаџерот на Челси, Жозе Мурињо ги демантираше гласините за тоа, дека полудефанзивецот на тимот Рамирес може да биде продаден на Реал Мадрид или Барселона.
"За Рамирес на пазарот нема цена. И сите овие гласини мене почнуваат многу да ме вознемируваат, бидејќи Челси не му поставувал цена и нема да го направи тоа. Нема никакво значење дали се вистинити гласините за интерес кон него. Рамирес не се продава. Што се однесува до ситуацијата со голманот, во моментов Челси се наоѓа во одлична позиција. Сега кај нас игра Петер Чех, кој е најдобар голман во светот за својата возраст. Исто како Ван дер Сар премина во Манчестер Јунајтед од Фулам, бидејќе е по возрасен од Чех, а потоа уште долго време играше важна улога во Манчестер Јунајтед. Чех се наоѓа во одлична возраст. А Куртоа се разбира, дека најдобар млад голман во светот. Имаме две години до крајот на неговиот договор, па сè е под контрола. Се зависи од нас и нека си ги удираат главите оние, кои сакаат да купат Тибо. Ние немаме потреба да си ги удираме главите. Самиот Куртоа знае што сака од него Челси", изјави Мурињо.

No comments:
Post a Comment