- Ламела: Ми треба уште време за адаптација
Полудефанзивецот на Тотнем, Ерик Ламела раскажа за својата адаптација во англиската Премиер лига.
"Мислам, дека имам потреба од уште малку време. Се чувствувам добро тука, но во однос на адаптацијата сè е поинаку. Овде сум два месеца, па она што ми е потребно е време. Треба да тренирам, да навлегувам во играчки ритам, треба да одиграм неколку натпревари. Англискиот фудбал многу се разликува од италијанскиот, тука борбата е многу повеќе, додека во Италија акцент е повеќе на тактиката. Премиер лигата е неверојатно силен шампионат, повеќе од било кој друг. Не е лесно да играш тука. Лично на мене ми се допаѓа играчкиот манир на Тотнем, стилот на мојот тим идеално ми одговара ", изјави Ламела.

No comments:
Post a Comment