- Роџерс: Со Суарез и Стариџ Ливерпул игра како Баерн
Менаџерот на Ливерпул, Брендон Роџерс изјави, кога Даниел Стариџ и Луис Суарез се во нападот, неговиот тим личи на Баерн Минхен.
"Ако се види системот на Баерн, кога играше против Сити во текот на неделата, ќе видите дека левиот и десниот бек понекогаш играа како халфови. Токму така се воспоставува супериорност во дуелот."
"Јас го нарекувам Стариџ и Суарез "деветка и половина"- тие не се обични напаѓачи. Тие сакаат да се движат и да влегуваат помеѓу линиите. Системот кој го користам е базирана врз карактеристиките на играчите, а ние сме ја испробувале оваа на Баерн", изјави Роџерс.

No comments:
Post a Comment