- Семејството Глејзер ќе се бори со Реал и Сити на трансфер пазарот
Семејството Глејзер има намера да пушти во продажба нов пакет акции на Манчестер Јунајтед, кои ќе им овозможат на американските сопственици на клубот да заработи 250 милиони фунти. Според податоците на изворот, голем дел од добиените средства ќе бидат вложени за отплата на долгот, кој во моментов е 389 милиони фунти.
Одлуката за спроведување на дадената финансиска операција, произлегува од тоа, што огромните средства за отплата на долгот му пречат на клубот да работи успешно на трансферниот пазар. Независно од успешната комерцијална активност, сезонските исплати во износ од 70 милиони фунти ги ставаат во сенка сите успеси на клубот.
"Семејството Глејзер сака брзо да обезбеди пари, со кои може да го зајакне клубот. Тие е можат да се натпреваруваат на трансфер пазарот со клубови како Реал и Сити, но можат да го сторат тоа, само под услов да го намалат износот на задолжувања. Клубот заработува огромни суми од многу комерцијални договори, но сите овие пари се " јадат " од плаќање на долгот", изјави финансискиот експерт Дејвд Бика, кој е специјалист во областа на спортот.

No comments:
Post a Comment