- Јол под закана од разрешување
Менаџерот на Фулам, Мартин Јол споделил пред свои блиски луѓе, дека очекува да биде отпуштен од американскиот сопственик на клубот Шахид Кан. Многу од играчите на лондонскиот клуб исто останале со впечаток дека деновите на Јол на "Крејвен Котиџ" се изброени, открива "Дејли Меил".
Јол се плаши, дека Хан ќе сака попознато име чело на Фулам, иако богаташот ќе го послуша и мислењето на бордот за следниот потег.
Раководството на Фулам исто така загубило верба во Јол и не гледа иднина за него во клубот. Можно е, Јол да биде отпуштен пред натпреварот викендов против Стоук Сити.
Ако сепак тој го предводи тимот во овој натпревар, можната загуба ќе значи сигурно разрешување. Приврзаниците на Фулам исто така сакаат разрешување на тренерот, бидејќи тимот има само еднен бод од последните 7 средби на домашен терен.
Мартин О'Нил е сметан за фаворит за местото на Јол, бидејќи неговиот долгогодишен помошник Стив Волфорд беше забележан на "Крејвен Котидж" во натпреварот против Кардиф во саботата.

No comments:
Post a Comment