- Озил стана главен играч за 2 дена во Арсенал
- Микел, со што е поинаков овој Арсенал од претходниот ?
- Стилот на игра е ист, но оваа година започнавме со победи и тоа ни даде голема самодоверба. А и се засиливме добро. Видливо е, дека доаѓањето на Озил внесе доста повеќе квалитет во тимот. Немавме среќа и со повредите, 8-9 играчи се повредени, меѓу кои и Санти Касорла. Но сепак го задржавме нивото.
- Во што се состои овој скок во квалитетот по доаѓањето на Озил. Во Реал Мадрид секогаш беше критикуван дека не постигнува доволно голови.
- Тоа не ме интересира, неговата статистиката во асистенциите е една од најдобрите во Европа. Тоа е одлично. Освен тоа, покрај својата возраст, веќе има акумулирано многу искуство. Успеа во рок од 2 дена откако дојде во Лондон, да се истакне во голем натпревар и да заигра суштинска улога во тимот . Веќе е главен играч во овој Арсенал.
- Треба да му се заблагодарите на Реал за оваа огромна услуга.
- (Се смее). Не, само сум благодарен, што е во мојот тим и можам да се радувам на неговата игра. Му се восхитував уште кога беше во Реал. Го гледав по телевизијата и ми изгледаше, заедно со Кристијано Роналдо, најдоброиот играч кој го имаат. Но сега тој е кај нас.
- Колку среќен е Озил во Лондон ?
- Изгледа многу среќен. Според мене се интегрирал многу добро. Тој е резервирано момче, но се справува добро со англискиот и шпанскиот.
-Од вас започнува голем дел од играта на Арсенал. Тим кој преферира играта со многу додавања . Како ве тренира Арсен Венгер ?
- Арсен ни кажува на прво место, дека против кого и да играме, ние треба да бидеме главните ликови, да пристапуваме со авторитет. Сите тренинзи се фокусирани на топката, на поседувањето и на доминацијата на теренот, задржувајќи ја брзината и леснотијата на играта. Не е лесно да се обидуваш секогаш да играш добро, бидејќи ривалите ти создаваат проблеми и треба да бараш решенија, без да го нарушуваш стилот на игра.
- Дали е вистина дека Венгер не присуствува на тренинзите ?
- Секогаш е присутен. Друго е прашањето, што не е од оние, кои постојано ги рчкаат и стимулираат играчите. Тоа се различни работи. Но кога ќе го повиши гласот, се забележува.
- Арсенал сега е лидер на табелата, но дали ќе издржи?
- Почнавме добро, но е многу рано да се каже такво нешто. Благодарни сме на тој почеток на сезоната, бидејќи атмосферата е одлична.
- Арсенал нема освоено ништо од ФА Купот во 2005 година. Тоа, ви тежи ли многу ?
- Да, затоа што еден толку голем клуб не може да си дозволи толку време, без да освои ништо. Овде, сепак се натпреваруваше со многу добри тимови. И тензиите станува се поголеми.
- Вие гледате многу фудбал. Го гледавте ли Баерн против Манчестер Сити ?
- Да, беше одличен натпревар. Игравме против Баерн во 1/8-финалето во минатата ЛШ и кога ќе ја загубишт топката, тие полетуваат како авиони. Сега со Пеп се способни да те поразат со многу пасови или со брзина. Заедно со Барса и Реал тие се пред сите други ...
No comments:
Post a Comment