- Мојс не планира да троши во Јануари
Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Дејвид Мојс изјави, дека нема намера да реализира големи трансфери во зимскиот трансфер прозорец.
"Погледнувам кон Јануари, но не сакам луѓето да очекуваат од нас големи трансфери на играчи. Обично овој месец не е најдобар за купување на топ фудбалери. Ако си паднал подолу на табелата, можеби од очај ќе се обидеш да земеш некого, но ние сме заинтересирани само за топ играчи. Нема сомневање, дека со доаѓањето на овој период ќе се обидеме да го направиме тимот подобар, мојата работа се состои во тоа да постигам напредок со Јунајтед. Лани ја освоивме лигата, но јас сакам да постигнам напредок, освојувајќи ја повторно и да освоиме некој од куповите", рече Мојс.

No comments:
Post a Comment