- АВБ ги критикува навивачи
Менаџерот на Тотнем, Андре Вилаш-Боаш беше многу незадоволен од навивачите на тимот за време на натпреварот против Хал Сити.
"Моите фудбалери завршија одлична работа. За жал ние игравме како гости и во овој натпревар, кој се играше на "Вајт Харт Лејн". Ја немавме потребната поддршка од нашите навивачи".
"Ни беше тешко да ја пробиеме одбрана на Хал Сити. Тие беа многу добро групирани во одбрана".
"Одлуката на судијата да досуди пенал беше тешка. Тој можеше да не го досуди овој казнен удар".
"Ние треба поддршката на нашата публика. Навивачите треба да бидат трпеливи кон фудбалерите. Роберто Солдадо е голем напаѓач", рече Андре Вила -Боаш.

No comments:
Post a Comment