- Чичарито: Како млад се прашував дали ќе бидам успешен фудбалер
Напаѓачот на Манчестер Јунајтед Хавиер Ернандез откри, дека додека бил играч на Чивас Гвадалахара се сомневал, дека ќе успее како фудбалер.
"Ми беше многу тешко на почетокот на кариерата. Како млад често си го поставував прашањето и се колебав дали ќе успеам како фудбалер. Не бев сигурен, дека тоа е вистинскиот пат во мојот живот. Потоа преминав во Манчестер Јунајтед. Првично во Англија ми беше многу тешко, затоа што морав да бидам далеку од семејството и пријателите. Бев сам на чудно место со различна култура. Сега работите се променети и сум задоволен што сум фудбалер на Манчестер Јунајтед ", изјави Хавиер Ернандез.

No comments:
Post a Comment